Рецепт за убав ден на Стефан Давидовски
Кога станува збор за Рецепт за убав ден според мене претставува ден исполнет со многу позитивна енергија и позитивни луѓе. Според мене најбитно е секој ден да биде исполнет со луѓе кои те прават среќен и те хранат со многу позитивна енергија, ден исполнет со многу насмевки.
Најчесто денот го започнувам со добро кафе во кругот на семејството, потоа ги завршувам обврските околу факултетот, а денот посебно ми го прават убав работата со бендот и припремите на новите музички проекти кои се надевам дека ќе се реализираат во брза иднина.
Најблиските другари, пријатното место за кафе, квалитетна музика и вечерните излагања на добри забави со убава музика се исто така неизоставен дел од Рецептот за убав ден.
И за крај најбитно од се е да бидеме тоа што сакаме и да го правиме тоа што од срце го сакаме. Tреба искрено да љубиме, да ги почитуваме сите околу нас и никогаш да не се споредуваме со другите бидејки секој за себе треба да е најдобар и секогаш да се труди да го извади најдоброто од себеси.
Имајте убав ден.