Рецепт за убав денУбави луѓе
Рецепт за убав ден на Олгица Стојмирович
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2018/01/26234004_10212232288337416_1286656268_n-720x470.jpg)
Денешниот рецепт за убав ден со вас го споделува Олгица Стојмирович!
Убавиот ден за мене започнува со рано будење со бакнеж од саканиот. Задолжителен утрински ритуал: 2 чаши вода, 10-15 минути физичка активност, голем филџан кафе, кој го пијам во тишина правејќи план за работниот ден, и квалитетен доручек. Остатокот од денот го поминувам на работа, со мојот тим од прекрасни луѓе, кои секогаш знаат да ми го направат денот уште поубав. Прегратка од саканиот и чаша вино за крај на убавиот ден.