Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Марта Ѓоргиевска

Во рубриката Рецепт за убав ден“ се трудиме секогаш да имаме оригинални личности со уникатни рецепти за убав ден. Една таква личност е и Марта, оригинална, шармантна и со ептен добар рецепт.

Ја имам таа среќа да бидам она што сакам да сум.
Нормално, за работите кои зависат само од мене.

А мојот рецепт за убав ден е :
Прстофат надеж,
една голема шолја кафе,
еден поглед во огледало и насмевка за добро утро и убав ден,
барем едно направено добро дело за душа полна задоволство,
читање минимум  50 страници добро книжевно дело,
додај неколку силни прегратки,
зачини со љубов, а не со завист, омраза и нетолеранција,
по желба се додава чаша сортно вино во комбинација со омилена музичка плејлиста,
имај срце полно благодарност, радост и емпатија,
за чиста и мирна совест, за добар сон и убав живот.

 

Поврзани статии

Back to top button