Рецепт за убав ден на Марија Садана

Денешниот рецепт за убав ден го споделува одличниот професор по јога Марија Силјаноска Михајлоска.
Да се разбудам одморена за мене е реткост во последниов период. Но, првиот поглед, насмевка и прегратка од синчето Максим се доволни за дополнување на батериите и денот да почне најубаво, со љубов. Кога љубовта во секаква форма е застапена во текот на целиот ден, тогаш сум најсреќна. Дневна доза јога, независно во кој дел од денот, за мене е тоа нужност во бурното секојдневие. Контактот со себе да не се изгуби при вршење на било какви обврски. Да си во постојано движење и во комуникација со светот, а да си мирен одвнатре, тоа е убавина. Дел од денот поминат во тишина и спокој…и тоа е убавина. Што и да правам, кога сум водена од љубовта, денот за мене е успешен и заспивам мирно.