Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Марио Арангеловски

Рецептот за убав ден денеска го споделува младиот музичар, Марио Арангеловски кој верува дека ништо не е погрешно, доколку токму тоа го прави човек среќен.
Многумина од нас под убав ден подразбираат нешто што вусшност не го живеат во пракса. Најчесто сме приморани да го живееме денот заедно со обврските кои ни се приоритет или наметнати. Но, тоа не значи дека од тежината на обврските не можеме да го извлечеме најубавото и да уживаме во онаа што го работиме. Јас сум музичар и студент истовремено. Често знае да ми се смачи кога ќе помислам на обврските кои ми се наметнуваат благодарение на онаа што го работам и студирам. Но, фокусот го ставам на успехот. Па, пред да се откажам го визуелизирам последното скалило. Јас сум ноќна птица, па, со самото тоа имам потешкотии денот да го започнам заедно со сите останати луѓе, во раните утрински часови. Една од најважните работи за убав и продуктивен ден е пријатен сон и утро кое почнува со позитивна мисла. Ужасно верувам во законот на привлечност, па, се трудам да си ги конролирам мислите и да го живеам исклучиво онаа што го мислам и посакувам. Вака пред лето по интензивно му се посветив на спортот, па, често знам да посетам теретана и да внимавам на здравата храна. Станувам најчесто околу 11 часот, пијам неколку утрински кафиња, сурфајќи по сицјалните мрежи. Во меѓувреме консумирам некаков овошен шејк, пред да си го спремам доручекот. После час, два, се упатувам во теретана и ги трошам калориите. Остатокот од денот го искористувам максимално, завршувајќи ги сите останати обврски поврзани со факултетот и музиката. Слушам музика, пеам, вежбам, се надоградувам. Често читам книги, гледам филмови и готвам. Не постојат совршени луѓе, за да постои совршен ден. Но, рецептите за убав ден се многу индивидуални и треба секој да го живее онаа што го прави среќен. Оти, ништо не е погрешно, ако те прави среќен.

 

Поврзани статии

Back to top button