Рецепт за убав ден на Леон Бакрачески
Рецептот за убав ден, денес го споделува Леон Бакрачески. Тој има оригинален, креативен, уникатен рецепт со слатки состојки…
Рецептот за убав ден најчесто зависи од рецептот на карактерот. Односно колку мирудии се измешале за да те создадат тебе. Мојот амалгам е спој помеѓу темпераментот, прагматичноста, утринското будење и однапред зададените обврски кои ме очекуваат. Затоа и индивидуалистички би го објаснил својот рецепт. Од прилика би било вака:
1 чаша кафе
1 долг утрински туш
По еден витамин од секоја група на витамини
24 отворени табови на компјутер меѓу кои најважни: утринско радио, службениот email account, агенциски вести (прегледување на вестите во периодот додека цели 6 часа сум спиел). Facebook и ubavo.mk
Едно насмеано: „Добро утро, убав ден да имаш, те сакам“ на Вибер
Пролет/Лето/Есен – Точакот во раце и правец на работа, добро утро и второто кафе со Есма и колегите
100 решени проблеми за насмеани студенти
1 насмевка од внука ми Срна
1 убав ручек со поубавата половина
1 попладневно кафе со најблиските пријатели
1 убав филм
Долга гушка пред заспивање
Сето тоа го ставате во лонец да се крчка долго, спонтано и добивате убав живот. Пријатен ден на сите!