Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Игор Митровиќ

Рецептот за убав ден денеска го споделува секогаш насмеаниот музичар, Игор Митровиќ.

Знаете како? Животот е многу краток за да не ги користиме сите мигови да ни бидат исполнети со среќа. Мене секој ден ме прави среќен најпрво тоа што луѓето што ги сакам и што се околу мене се тука со мене, муабетот со секој од нив. Мојата фамилија, роднините, најблиските пријатели…. Последнава година откако се отселив, почнав да водам поздрав начин на живот и се чувствувам феноменално.

Секој ден испотете се барем по 20 минути, по можност од сабајлечки штом станете. Енергијата која ја добивам од тоа е неопслива. Кафето што ќе го испијам после вежбање ми е најубавото кафе во текот на цел ден. Ме радува кога ќе си го гушнам миленичето. Ме радува кога ни се случуваат убавини и позитивни работи околу мене. Ајде сега сите по една насмевка за убав ден. 🙂

Поврзани статии

Back to top button