Рецепт за убав ден на Ивана Наскова
Во рубриката “Рецепт за убав ден” денеска се дружиме со младата авторка Ивана Наскова.
Мојот рецепт за убав ден е што секогаш се потсетувам себеси дека раатот нема цена и не смеам да дозволам некому да ми создава немир, нервоза, болка или што и да е негативно во текот на денот. Со годините научив многу лесно да се справуваат со тие луѓе и таквите ситуации. Сега ги знам моите способности, знам која е мојата вредност и никому ништо не должам, од таа причина никој нема никакво право врз мојот живот и право да се меша и да би рекла јас „Да ми го ремети мирот!“. Во ред е во животот со текот на годините да се одалечиме од некои луѓе, сме ги надраснале, сме се промениле, сме сфатиле дека вака сме посреќни. Во ред е и да тргнеме некои луѓе од нашиот живот, затоа што вашата среќа и вашиот мир се најважни. Ова е мојата тајна и мојот рецеп не само за убав ден, туку и за убав живот. Секогаш постои избор и јас секогаш избирам среќа!