Рецепт за убав ден на Дарија Џинџер
Дарија е креативна девојка која на Истаграм редовно објавува супер интересни и магични фотки, полни инспирација и креација. Читнете го нејзиниот рецепт за убав ден!
Денот ми започнува уште со првиот аларм во 6 часот наутро и една насмевка. Немам посебна утринска рутина, освен хранењето на моите миленици. Првото утринско кафе го пијам на работа заедно со колегите. Сакам кога денот ми е испланиран и кога се оди по тој план, па гледам да се придржувам до истиот. Секогаш се трудам да сум насмеана и весела. На тој начин и луѓето околу мене ќе се расположат и насмеат, а со тоа и мојот ден ќе стане поубав. Уживам во дружбите со пријателите, па затоа често знам да излезам со нив пред да се приберам дома. Најубавиот дел од денот ми е на зајдисонце и доаѓањето дома кога ќе ме пречекаат трите мускетарки(моите миленичиња). Денот го завршувам со по една или неколку епизоди од омилената серија. Според мене најдобриот рецепт за убав ден е дружбата со најблиските личности и насмевките на нивните, а и на вашите лица, топло кафе и убава серија.