Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Даниела Ѓуровска

Денеска со вас својот рецепт за убав ден го споделува младата и талентирана дизајнерка Даниела Ѓуровска. 

Прво нешто пред да официјално ми почне денот е оној половина час кој е само за Мене, “себично” сакам да уживам во своето турско кафе со малку млеко и половина лажичка шеќер. Во меѓувреме си правам план за денот и неизбежно е нели да проверам Instagram. После тоа I’m ready to go! Се шминкам, правам комбинација како да ќе го сретнам својот најголем непријател (се шегувам) и излегувам од дома. Бидејќи не водам живот “по книга” и секој ден имам различни обврски а не работно време од 8 часа, секој ден си е своја приказна. Обично некаде околу попладне знам да испијам и кафе со моите пријатели и најважно ми е да сум опкружена со убава енергија. Позитивниот став ми е многу важен, материјалното е нешто што е секундарно а менталното здравје треба да ни е приоритет! И кога после неколку часа доаѓам дома, знам да испијам зелен чај или од нане и да, денот го завршувам најчесто со правење планови за следниот ден, или блиска иднина, особено сега овој период пред нова година. Пред да заспијам обично гледам youtube видеа кои ме мотивираа да го започнам конечно и својот влог.

 

Поврзани статии

Back to top button