Рецепт за убав денУбави луѓе

Рецепт за убав ден на Виктор Апостоловски

Рецептот за убав ден денеска го споделува талентираниот музичар Виктор Апостоловски, кој плени со неговиот глас и харизма.

  1. Крадеш три насмевки!

– Знам дека на 99.9% од луѓето не им е дојдено до смеа рано наутро, особено ако треба да брзаат за на работа или имаат обврски кои не ги сакаат. Меѓутоа добро познат факт е дека ако направиш некому да се чуствува убаво, да се насмее, ти ќе се чувствуваш барем двојно подобро. Затоа, направете да ви биде мисија да расположите што повеќе луѓе и животот полека, ама сигурно ќе ви се промени.

  1. Ги лупиш грижите за небитни работи од секојдневието, ги фрлаш во канта, а кантата ја фрлаш во контејнер!

– Просечен Македонец се замара буквално со се што ќе види во животот! Политика, музика, спорт, кој со кого се женил, па колку, па како, па што… и тоа до бескрај! Јас разбирам дека некогаш некои работи се посилни од тебе, ама замарањето за небитни работи нема да ти донесе среќа и убавини во животот, туку само нервоза, фрустрација и гнев. Значи за да се ослободиш од лошите работи, ослободи го умот од глупости!

  1. Земаш подлабок сад, и во него ги ставаш слободниот ум и трите насмевки. Мешаш додека смесата не се изедначи. Додека мешаш додаваш:

Хумор – Без разлика колку е добар или лош, без разлика колку од луѓето ќе го сфатат или сакаат, твојот труд секогаш ќе биде ценет од правилните луѓе.

Љубов – од оваа смеса турај колку сакаш, нема гајле!

Сите ние сме биле повредени некогаш, повеќето од нас милион пати, ама тоа не значи дека сега треба да се затвориме во нашиот свет и никогаш повеќе да не се посветиме никому. Напротив, што повеќе го користиш зачинов, тоа поубаво!

Забава – Поентата на животот е да живееш, не да преживуваш! Што значи ако се мачиш и ако работиш нешто што мразиш, или живееш со некој само заради парите, тогаш ништо не си направил.

  1. Откако ќе ги измешаш сите овие состојки, садот го ставаш во рерна, да си крчка на тивок оган.

п.с. Не користи сарказам!!!

Знам дека на многу од вас им е омилена состојка, ама во последно е толку презастапена, што секоја втора огорчена душа ја користи мислејќи дека ќе си го разблажи специјалитетот. А тоа баш и не оди така

Поврзани статии

Back to top button