Рецепт за убав ден Викторија Спенџарска Стеен
Денеска, во рубриката „Рецепт за убав ден“ имаме една млада мајка која е вљубена во готвењето. На Инстаграм сите ја знаете како vegan_viki_. Со вас, ја открива убавината на нејзиниот ден.
Точно е дека кога ни се случуваат убави работи се чувствуваме убаво. Но јас верувам дека кога се чувствуваме убаво – тогаш ни се случуваат убави работи 😊 А најубаво се чувствуваме кога сме во состојба на благодарност!
Затоа направете си еден експеримент од 10-тина дена и наутро веднаш штом ќе ги отворите очите, уште додека додека сте во кревет размислете си за минимум 3 работи за кои сте благодарни.
Дали за вашето семејство кое неизмерно го сакате, дали за работата која ве исполнува, или пак тоа што сте се разбудиле пола час порано на раат да го испиете првото утринско кафе… причини за да бидете благодарни секогаш има. Почнете го денот со ваква убава вибрација и дозволете им на убавите работи си го најдат патот до вас. Нема што да изгубите нели? 😊