МодаУбави совети
Реси насекаде, реси апсолутен моден хит оваа сезона!
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2017/09/asimetricni-bob-2-650x470.jpg)
Ќе имате прилика оваа сезона да гледате реси насекаде, од модните писти до улиците, секој секаде ќе носи модни парчиња на кои преовладуваат реси.
На фармеркте, на мини и долгите здолништа, на чевлите и накитот, на наметките, дуксерите и јакните па се до елегантните фустани. Ќе се носат реси до максимум, на вечерни и дневни прошетки, на свечени прослави и во маркет на пазарење. Модниот тренд ги донесе ресите, а жените со задоволство го прифатиа тој тренд и едноставно може да се забележи дека вистински уживаат во него.
Ако се уште немате ниту еден модел со реси ве советуваме што поскоро да си набавите. Изгледајте ултра модерно каде и да сте.