Разговор: Љубовта и Заљубеноста!
ЉУБОВТА – ЗАЉУБЕНОСТА
– О, љубов! Сонувам да бидам како тебе!
– Ти си многу посилна од мене.
“Дали знаете што е мојата сила?”
– Затоа што си поважна за луѓето.
– Не, драга моја, не поради тоа
– Јас простувам, тоа е она што ме прави посебна.
– Можеш ли да му простиш на Предавството?
– Да, можам, бидејќи предавството често доаѓа од незнаење, не од злоба.
– Можеш ли да му простиш на Изневерувањето?
– Да, и на изневерувањето, затоа што, после изневерување човек има способност да спореди и избере подобро.
– Можеш ли да и простиш на Лагата?
– Лажењето е најмалото зло, глупост, затоа што често доаѓа од очај, свесен за својата вина или присилно да предизвика болка, но тоа е позитивен индикатор.
– Јас не мислам така, има лажливи луѓе!
– Се разбира, постојат, но тие немаат ништо со мене, бидејќи не знаат да љубат.
– Што друго можеш да простиш?
– Можам да му простам на Бесот затоа што е краткотраен.
– А што уште?
– Јас можам да и простам на Навредата, постарата сестра на Гневот, затоа што често произлегуваат една од друга. Можам да простам и Разочарување, затоа што често тоа е проследено со страдања а страдањето прочистува.
– Ох, Љубов! – Ти си навистина неверојатна! Можеш да простиш сè, а јас на мојот прв испит се гасам, ме снемува! Па ти завидувам!
– Е не си во право, душо. Никој не може да прости сè. Дури ни љубовта.
– Но, ти ми рече нешто друго!
– Не, тоа што ти го кажав, јас навистина можам да го простам бескрајно. Но, во светот има нешто што дури и љубовта не може да го прости.
Бидејќи ги убива чувствата, ја исцедува душата, води кон самоуништување.Тоа предизвикува таква болка што дури и големо чудо не може да ја излечи. Тоа ги труе животите на другите и присилува да се повлечеш кон себе.
Тоа боли повеќе од предавство и измама и повеќе до лагите и навредите. Запомни, во љубовта, најстрашниот непријател на чувствата е Рамнодушноста.
Нема лек за неа.