Разводот ме препороди, одбрав да живеам наместо да преживувам!
Знаете како велат, после дождот секогаш изгрева сонце. И навистина било така, јас сум жив сведок. После цели седум години дожд и бура, конечно за мене огреа сонце. Седум години живеев во апатија, седум години преживував за на крај да сфатам дека најважно во животот е да живееш.
Првенствено за себе мора да живееш, а потоа и за твоите чеда. Јас мислејќи дека ги заштитувам моите две ќерки, јас несвесно дозволив да живеат во лоша средина. Им дозволив да слушаат и гледаат неубави работи, од страв да не ги повредам повеќе, да не ги разделам од родениот им татко, да не го расипам гнездото кое ни најмалку не наликуваше на фамилијарно грездо.
Згреши, свесна сум, си признавам сама на себе, но сега среќна сум. На страна со моите две принцези јас конечно почнав да живеам. Изборот отсекогаш бил мој, затоа сега избрав сонце наместо дожд. Оти, точно знам дождот како мириса, точно знам колку болести и проблеми дождот носи со себе. Бурата е тука, дали ќе бидам во неа или далеку од неа зависи само од мене. Разводот за мене не беше само крај туку и нов почеток во кој сонцето постојано свети. Разводот ме препороди, ме оживеа и ме направи посилна, за мене и за моите две девојчиња започна нова ера.