ЖивотУбави совети

Пченка на скара со семе од сусам

Состојки:

4 пченки, 2 лажици масло, 1/2 лажица свеж рендан ѓумбир,
1/2 сечкана лута пиперка, 2 лажици свеж коријандер, 1 лажица печено семе од сусам, сол и бибер по вкус.

Подготовка:

Загрејте ја тавата на средна топлина и испржете го сусамот. Пченката печете ја на скара, повремено вртејќи ја, додека не омекне. (Околу 20 минути).
Во меѓувреме, измешајте масло од сусам, ѓумбир, лута пиперка и коријандер и зачинете по вкус.
Пренесете ја пченката во чинија и прелијте ја со преливот. Додадете го пржениот сусам и „тркалајте“ ја пченката. Послужете со сезонска салата.


Поврзани статии

Back to top button