Прочитајте ги советите од разведен маж, нема да зажалите!
Не треба да заборавите ни на најмалите ситници кои сте ги правеле за партнерката пред да застанете на лудиот камен, затоа што тоа може многу да ве чини, дури може да ве доведе и до прекин на врската или развод. Лицето со кое сте во врска или брак е тука поради вас и затоа што ве сака, но не смеете да престанете да покажувате грижа и внимание, бидејќи “до крајот на животот” понекогаш и не трае толку. Свежо разведен маж дели корисни совети на социјалните мрежи. Во продолжение неговите совети за успежен брак:
Никогаш не престанувајте да си се додворувате еден на друг и да излегувате сами.
Барајте причини секојденво одново да се вљубувате еден во друг.
Секогаш гледајте го она најдоброто од односот.
Превземете голема одговорност.
Бидете присутни, тука сега и секогаш.
Не грижете се постојано за пари.
Водете редовно љубов, колку и да ви тежат проблеми на главата.
Простувајте и секогаш на прво место ставајте ја љубовта.
Имајте сочувство.
Пуштете ја вашата жена на мир, не ограничувајте ја.
Изненадувајте ја.
Бидете и рамо за утеха и поддршка во секое време.
Грижете се за децата и вие, тие се и ваши.
Обврските во домот не се само нејзини, не заборавајте.