ЖивотУбави совети
Пробајте го највкусниот сок од вишни!
Во време кога температурите го достигнуваат и четириесеттиот степен, освежете се со сок од вишни.
Потребни ви се 1 кг. вишни, 1 л. вода, 10 гр. лимонтус и 100 гр. кафеав шеќер.
Измијте ги вишните и посипајте ги со лимонтусот и водата. Гмечете ги се додека семката не се одвои од плодот. Исчистете ги од семките и оставете ги да преноќат. После тоа, исцедете ги вишните. Додајте го шеќерот и мешајте се додека не се стопи. Откако шеќерот целосно ќе се стопи вашиот сок е готов. Служете го овој сок ладен. Чувајте го во фрижидер и консумирајте го во рок од неколку дена.