Предлог три книги
И денешните три интересни книги ќе ве остави без здив, ќе ви ги раздрмаат мислите и ќе ви предизвикаат воздишки.
Емоционална писменост (Клод Стајнер) Оваа книга е извор на моќ од незаменливо значење за успех во денешниот свет. Во оваа книга, со методот чекор по чекор се прикажани конкретни вештини за учење на емоционалната писменост – интелигенцијата со срце.
Една неважна жена (Оскар Вајлд) Не верувајте и на жена која без проблем ги кажува своите години. Бидете претпазливи токму со ваквите жени. Жена која без размислување би ги кажала годините би ви кажала и се друго без проблем!
Јас пред тебе (Џоџо Мојес) Роман за животот на двајца млади луѓе.Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат се. . . Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што се би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?