Убави книги и филмови

Предлог три интересни книги!

Книгите нудат релаксација. Нудат прибежиште од реалноста. Книгите не прават помудри и поистрајни, затоа да читаме денес, да читаме и утре, да читаме секогаш и секаде! 

Сушата (Џејн Харпер) Мал град. Страшна суша. Неподнослив очај. Големи тајни. Во најлошата суша што ја видела Австралија во изминатиот век, еден фармер ја крева својата пушка на своето семејство, а потоа и на себе. Руралната заедница на Киевара секојдневно се соочува со очајни избори и одлуки. Ако еден од нив пукнал од стресот, очајот и притисокот, на останатите им останува само да Му се молат на Бога за сила и издржливост. Да се надеваат на Божја милост за дожд.

Вистинскиот (Џон Марс) Колку далеку би отишле за да го најдете вистинскиот? Пронаоѓањето на вистинската љубов никогаш не било полесно. Или поопасно. Што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе всушност е сериски убиец? Или што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе веќе е женет и има деца? До каде се оди за вистинска љубов и колку може да биде силна таа вистинска љубов кога делиш ген со некого?

Колекционер на очи (Себастијан Фицек) Подготвени или не, тој доаѓа… Тој ја игра најстарата детска игра што постои, криенка. Само што Колекционерот на очи ја игра до смрт. Секојпат е исто. Колекционерот почнува со тоа што ја убива мајката, а потоа го киднапира детето и му дава на таткото четириесет и пет часа часа да го најде. Тоа е неговиот метод. Наоѓаат женско тело со пуштена стоперка во стегнатата рака на мртвата мајка. Избезумен, преплашен татко мора да го најде своето дете пред момчето да се задуши – и пред убиецот да му го извади левото око. Александер Зорбах, бивши полицаец, сега новинар, ги има пријавено сите три убиства на Колекционерот на очи. Но овој пат е различно…

 

Поврзани статии

Back to top button