Убави книги и филмови

Предлог книги за мотивација!

Ви нудиме книги кои ќе ве мотивираат да станете поуспешни и посреќни. Времето потрошено на нив нема да ви е залудно. Со сигурност ќе го задржат вашето внимание.

Паун во земјата на пингвините (Б.Џ. Галагер Хејтли и Ворен Х.Шмит) – Книга која им е посветена на оние кои копнеат да летаат слободно и да бидат во целост свои – на оние кои се доволно мудри да знаат дека треба да учат од оние кои се поинакви. Оваа книга дава проникливи видувања во однос на проблематиката на креативноста и иновативноста на работното место и тоа на мошне симпатичен начин. Користејќи го концептот на басна, таа ни помага да видиме што може да се случи кога целосно и храбро се обидуваме да се израземе во средина создадена од извршни директори и раководители кои на светот гледаат многу поинаку од нас. Ако сте заинтересирани за нови идеи како вие и вашата организација да станете поуспешни, прочитајте ја книгава.

Табелата за шефот (Кен Блечард/ Марк Мучник)– Книга која е поучна и забавна, со позитивна порака што навистина може да помогне на раководителите да развијат ефикасно водство. Лесна и забавна за читање, а чекорите во преземање на акција се навистина непроценливи. Оваа книга содржи совршениот рецепт за секој што сака да стане успешен лидер и раководител.

 

Поврзани статии

Back to top button