ЖивотУбави совети

Празниците се тука, вирусите веќе почнаа да напаѓаат – Што да препознаеме и како да се справиме ?

Нe постои подобар начин да се зачува нашето здравје, тоа може само со превенција – спречување на болеста да се случи. Ова е особено важно кога станува збор за вирусни инфекции, а грипот е еден од нив.

Кој во овој период навистина предизвикува доста потешкотии особено кај децата. Знаеме дека вирусите се тие кои во 90% од случаевите и патологијата го напаѓаат кревкиот имун детски систем.

Спроведување на заштитните мерки за хигиена, редовно миење на рацете, проветрување на простории, избегнување на затворени простори со многу луѓе а и исто така потребно е да се носат заштитни маски кога сме излезени. Времето и загаденоста и присутноста на вирусот на грип во воздухот ќе си го постигне своето, за жал. Но, јас ќе одговорам на најчестопоставуваните прашања на родителите!

Кои се симтомите на грипот кај детето?

Почеток на болеста е многу брз, температура е секогаш висока, главоболката е редовна и присутна, мускулна болка е честа и силна, заморот  и исцрпеноста се со силен акцент, кашлицата е сува и  многу непријатна, запушен нос може само понекогаш да се јави или да е со секрет во вид на цедење, кивањето исто така може да се јави понекогаш, компликациите се чести, отсуство од училиштето исто така често.

Дали грипот влијае на имунитетот на детето?

Да секако дека делува и тоа многу лошо и тој период е за детето и неговите родители еден тежок период!

Вирусот на грип предизвикува значително опаѓање  на имунитетот на детето бидејќи директно ги напаѓа клетките кои имаат задача да се напаѓа и елиминира вирусот. Овој начин и механизам го прават и многу други вируси, но грипот е еден од “шампионите” во овој начин на делување. Па така да урнувајќи го одбрамбениот механизам на целиот организам постигнува толкаво максимално оптеретување на целиот организам, а на сите нам симптомите ни се познати.

Може ли грип да се спречи со вакцина?

Вакцинацијата е најдобар начин за спречување на грип!

Вакцината против грип е безбедна (освен ретките исклучоци), но сепак  лекарот треба да го прегледа соодветно тоа дете кое ќе биде вакцинирано, дури и да провери крвна слика и ЦРП.

Па тек тогаш да детето биде вакцинирано, инаку модерниве вакцини кој се достапни кај нас се од добро и ефикасно потекло. Едноставно се применуваат и аплицираат  и со минимални непријатности, детето е ефикасно заштитено од грип.

Постојат вакцини против грип, кои се дадени “преку носот”, кој е природен и безболен начин на имунизација симулирано како да на природен начин сме  добиле грип. За жал, овие вакцини сè уште се недостапни во нашата земја. Постои кампања во светот дека повеќе луѓе и деца веќе се вакцинирани и треба да се. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува вакцинација за сите деца постари од шест месеци! Стариот концепт, дека треба да бидат вакцинирани само ризичните глупи е напуштен – сите сме во ризик. Вирусот на грип не бира, може секој да биде заразен од него а ги знаеме непријатностите од истиот. Ако тоа тргне од нашето дете толку е лесно целото семејство да го прележи “грипот”.

Вакцината се дава еднаш годишно, секоја година пред претстојната сезона и оние кои прв пат се вакцинирани треба да примат две дози со интервал од по еден месец.

Може ли дејството на вакцината да го нема?

Може, но за среќа тоа ретко се случува. Експертите вирусолози предвидуваат кога ќе дојде до појава на актуелен вирус и тоа во сезона на грип тогаш и да дојде до појава на таа вакцина, бидејќи вирусот мутира и се менува. Кога тој вирус ќе се смени, тогаш вакцината може да стане некорисна т.е да не дејствува .

Нема вакцина која дава 100% заштита, но вакцината против грип е сепак една од најефикасните.

Дали има вакцина за други зимски вируси?

За жал, НЕМА!

Сепак треба да се знае дека најефикасен лек за грип НЕМА и дека лек за вирус НЕМА и дека треба да се лекува симптоматски бидејќи АНТИБИОТИЦИТЕ не се ЛЕК за вирусите. Но, што треба да направиме…

Основен третман на инфлуенца грипот е симптоматски. Тоа вклучува одмор во кревет,  надомест на течности, доколку детето не може да прими на уста тогаш со инфузија, но во потешки форми на болеста, земање на лекови за намалување на температурата, антипиретици. Како што кажавме  грипот е предизвикан од вируси, антибиотиците не се ефикасни, но сепак тие можат да се употребат доколку имаме појава на бактериски компликации или инфекции на увото, синузитис и пневмонија. Денес постојат, исто така, специфични антивирусни лекови кои се ефикасни во третманот на грип, како и во согласност со механизамот на дејството и се наведени како инхибитори на неураминидаза. Тие ја блокираат активноста на виралната неураминидаза ензим, со што се спречува ослободување на вирусот од инфицираните клетки. Нови антивирусни лекови се користат од 2000 година. Постојат неколку такви лекови  – оселтамивир и занамивир. Овие лекови мора да се применуваат на самиот почеток на болеста, секако во првите 48 часа по почетокот на првите симптоми. Ефикасноста е повисока ако лекот се зема на првиот ден од болеста. Антивирусни лекови, ако се дадени во текот на првите 48 часа по почетокот на болеста, во суштина ќе се скрати времетраењето на болеста и ја намалува сериозноста на симптомите, и во голем процент се намалува бројот и тежината на компликации. Ова резултира со намалување на потрошувачката на антибиотици и бројот на хоспитализации.

И како за крај витаминскиот внес, појачаната исхрана богата со протеини, минерали и течности, бетаглуканите, имуностимулансите и имунодулаторите можат исто така да ни помогнат околу справување со овој тежок проблем.

Ви посакувам многу здравје, среќа, безброј успеси и здравје на сите дечиња. Др- Ангелчо Андоновски – Педијатар, Директор на Институтот за белодробни болести кај децата – Детска болница Козле.

Поврзани статии

Back to top button