Од васУбави муабети

Правењето селфи, висењето на Facebook и Instagram се “половина здравје”!?

Го паметам времето кога беше битно дали компјутерот ти е Pentium 4. Тој беше “последната” серија од добри компјутери. Секако неспорно е дека до денес се излезени три пати подобри компјутери од она јас што го паметам и се разбирам, а не се разбирам баш многу во технологија, само што тогаш се уште не бевме во целост заразени и обземени со магијата на напредната технологија. Паметам и кога Nokia 3310 беше мобилен уред кој секој втор го поседуваше и беше фраер, нели зошто има мобилен. Е денес веќе не е тоа битно. Денес скоро сите имаат мобилни, и веќе сите се заразени со таа “магија”. Apple или Android телефон трката е тесна. Што е подобро!? Секако различни мислења, но потребата е иста. И разбирам се, напредна технологија, потреба, зависност… Да, зависност до таа мера што побрзо се прифаќа фактот дека прегледот на доктор додека се закаже одприлика може да не чини здравје, скраја било тешка дијагноза ама мобилниот телефон, однесен на сервис за поправка не може да се почека 3 дена додека се поправи бидејќи правењето селфи, висењето на Facebook и Instagram се “половина здравје”. Ова станува неподносливо. Свестувајте се луѓе со време додека не биде предоцна. Се има рок на траење па дури и мобилните уреди. Не е крај на светот ако се расипе. Крај на светот доаѓа кога човек не може да си помогне никако. Чувајте се, сакајте се, дружете се со пријателите, помагајте си, наместо да фрлате пари на сервиси за телефони донирајте некаде каде е многу потребно тоа. Верувајте подобро ќе се чувствувате!

M.T

 

Поврзани статии

Back to top button