ЖивотУбави совети
Постојат реченици кои не смееме да ги кажеме на родителите, никогаш!
Кога нашите родители стареат, им треба помош од нивните деца, и би било излишно да нагласат дека го заслужуваат тоа. Сепак, често се случува да заборавиме на потребите на нашите родители и да почнеме да ги игнорираме.
Понекогаш дури и се случува да се кажат зборови што не се мислат сериозно, но кои се груби и несоодветни и може нашите родители многу да ги повредат. Постојат многу повеќе пријатни и убави начини да им кажеме на родителите што мислиме…
Ние издвоивме пет реченици, кои никогаш не треба да ги кажете на вашите родители, особено кога тие се прилично остарени:
- Кога ќе успееш да го запамтиш тоа?
- Малку да се потрудеше ќе успееше да го направиш тоа…
- Каква врска има тоа со ова што сега го зборуваме?
- Па веќе неколку пати ти покажав како се користи тој апарат…
- Веќе ми го кажа тоа, не повторувај.