ЖивотУбави совети

Посна торта – медено срце

Во пресрет на Петровденскиот пост ви нудиме рецепт од превкусна и здрава посна торта. Го сакаат и децата, а и оние кои не постат.

Состојки:

300гр органско интергрално брашно од ориз
500мл млака вода
100гр огрански шеќер од кокос
3 супени лажици мармалад од брусница или шипка
1 лажица цимет во прав
1 печиво

Се мешаат брашното, водата, шеќерот од кокос, циметот во прав и печивото за печење. Формираната смеса се става во сад за печење, обложен со хартија за печење. Тортата се пече прво на силен оган додека да зарумени, а потоа на тивок оган уште 30-тина минути. Изладената торта се премачкува со слој мармалад од брусница или шипка.

Поврзани статии

Back to top button