Рецепт за вкусна посна погача со сушени домати!
Многумина од вас веројатно се во пост, па во продолжение ви нудиме рецепт за посна и многу вкусна погача. И оние кои не се одлучиле да постат одлично е да ја пробаат, ќе им се допадне на сите!
Потребни состојки:
375гр брашно
4 сушени домати
175мл млака вода
50мл маслиново масло
1 лажичка шеќер
3 лажички сол
4 лажички сушен рузмарин
1 лашица сув квасец
3 лажици сусам
Сушениот домат се процедува од маслото и се сечка на коцкички. Се замесува тесто со брашното, солта, квасецот, шеќерот и млаката вода. Се додава маслиновото масло и доматот. Убаво се заедно се замесува додека не почне да се одвојува тестото од садот. Се остава да стаса тестото околу 60 минути. Од стасаното тесто се прави круг и се става во подмачкано тркалезно тавче врз кое со прстите правите длабнатини. Се посипува малку маслиново масло, сусам и морска сол. Се пече 30 минути на 190 степени.