ЖивотУбави совети

После празниците и славите време е за детокс на организмот!

За да функционирате правилно и да почуствувате елан, неопходно е повремено да го исчистите телото од токсини. Детоксикација на организмот се препорачува до три пати годишно, а најмногу е потребна по новогодишните и божиќните празници, кога се збогувавте малку со здравата исхрана. За време на празниците во телото донесовте многу нездрава, масна и храна полна калории, алкохол и голема количина слатки, што значи дека во вашето тело се акумулираат многу штетни материи. Повеќето од токсините се исфрлаат од телото преку потење и други телесни течности, но еден дел се акумулира во телото. Акумулираните токсини може да бидат причина за многу болести, па затоа е потребно да се прочистува телото од време на време.

Водете сметка за исхраната. Внесувајте што е можно повеќе зеленлук и овошје, избегнувајте благо, прженици и месо две недели. Јадете риба. Започнете да вежбате. Било каква физичка активност четири пати во неделата барем по половина час. Чаевите делуваат како диуретик па добро е секојдневно да пиете незасладени чајчиња. Барем 2л вода во текот на денот испијте. Така ќе го забрзате исфрлањето на токсините кои се во вашиот организам. Овошни домашни сокови се задолжители, ќе ви ја зголемат енергијата и ќе го наполнат огранизмот со витамини.

Поврзани статии

Back to top button