Поради овие четири причини, врските пукаат како балон!
Иако многу истражувања тврдат дека парите и изневерувањето се главните причини за крајот на многу врски, се чини дека статистиката не може да ја прикаже целата приказна.
Лоша комуникација. Кога не слушате еден со друг и само се обвинувате меѓусебно. Никогаш не ги решавате проблемите до крај.
Мислите дека партнерот може да ги прочита вашите мисли и дека некој во кавгата мора да излезе како победник. Запрете ги овие лоши навики и пронајдете компромис, бидејќи нема да можете да ја зачувате врската
Лоша забава. Кога сте заедно во кревет а и вие и тој се забавувате на лаптоп, таблет или мобилен телефон, тогаш тоа навистина не се смета за добро поминато “заедничко време”. Сетете се на забавни нешта кои сте ги правеле порано заедно и повторно оживејте ги заедно.
Недостаток на време. Паровите треба да најдат време за себе, иако понекогаш е тешко поради големиот број обврски што ги имаме во текот на денот. Вечерајте заедно, одете на заеднички ручек после работа, одете заедно во теретана, прошетајте, излезете со пријатели… Ако сакате да бидете заедно и уште долго тогаш неопходно е да минувате заедно време.
Нереални очекувања. Честопати жените не се подготвени да ги разберат работите за кои се заинтересирани мажите. Едно е сигурно, сите ние треба да разбереме дека никој не е совршен.
Партнерот може да се промени за вас, но не целосно, и не смеете да го побарате тоа од него. Мора да научите да го прифатите со сите доблести и недостатоци, и треба да бидете свесни дека и вие самите имате недостатоци кои треба да ги толерира оној од другата страна.