Понекогаш не ми се разговара со никого, за ништо. Само ми се молчи.
Понекогаш, да не речам се почесто и почесто се буди една потреба длабоко во мене, потреба за самотија. Потребен ми е мир. Потребно ми е време сама со себе да минувам, во мир и тишина.
Изгледа лицемерието на луѓето да ми е преку глава. Немам повеќе сила ниту пак желба да слушам празни зборови, да развивам површни и лажни разговори… На човека му е потребен човек. На љубовта и е потребна искреност. На среќата и се потребни среќни моменти.
А како мминува времето, како растам јас сфаќам дека ако сам не си го подобриш здравјето, расположението, денот а бога ми и животот, никој буквално никој нема да ти го олесни патот и да ти подаде рака. Светот стана едно чудно изопачено општество што од нас искрените, дружељубивите и позитивните направи ладни и саможивни луѓе…
Сакам сама со себе да поседам, сама да отпатувам и малку сама да поживеам. Можеби самотијата ќе ми го отвори патот и ќе ме огрее сонце. Можеби!
- Текстот ни го испрати наша редовна читателка. Испратете и вие свој текст на info@ubavo.mk