Убави вести

Помошник за магично секојдневие – нарачајте си веднаш!

Во брзото и динамично секојдневие во кое постојано сме растргнати на сто страни и со милион обврски, на сите ни треба помошник со кој полесно ќе ги организираме обврските за да можеме полесно да ги извршиме. Од искуство, нема подобар начин за сè успешно да се заврши од запишување во планер.
Меѓу најважните придобивки од користење на планер се: ​

🔸помага за подобра организација на обврските​
🔸овозможува правилен распоред на времето​
🔸остава простор за самоанализа​
🔸поттикнува размислување за сегашните и идните планови во животот​
🔸помага во распоредување на месечниот буџет и заштедата​
🔸ја подобрува продуктивноста, но укажува и на потребата за одмор​
🔸поттикнува дисциплина и работа на себе​
🔸поттикнува благодарност​

Планерот Magic every day е токму тоа – помошник за магично секојдневие. Со содржина на македонски јазик и вкупно 238 страници, внатре ќе најдете неделни планови со простор за белешки, списоци за пазарење, буџет за секој месец, планови за патување неколку пати во годината (желба што си ја посакуваме сите ), список на книги што сакате да ги прочитате и филмови и серии што ви се во план да ги гледате, дел за годишни здравствени прегледи, дел за чистење во секој месец од годината и дел за рецепти.

Планерот Magic every day е во А5 формат за да го собере во секоја чанта или ранец.

Планер е супер идеја за подарок за секоја пригода, за вас или за блиските.

Можете повеќе да прочитате за планерот Magic every day и да го нарачате на профилот на Инстаграм и на Фејсбук.

Поврзани статии

Back to top button