Во последно време, овој сегмент станува посебно популарен…
Разубавувањето со трајна шминка за лице, цртањето на веѓи, линија на очи и уста е нешто кое се прави од многу одамна, но трендовите и техниките на апликација и изведба се менуваат низ годините.
Во последно време, овој сегмент станува посебно популарен.Се користат подобрени, современи и усовршени методи со нови апарати кои изгледа како да „лебдат“ над кожата и не ја оштетуват, а го внесуваат пигментот периферно без болка.
Иглите кои се употребуваат имаат микро димензија и се многу потенки и попрецизни, а совршени се и за сенчање кожата. Софистицираниот начин носи до совршен резултат.
Пигментите се природни, растителни и без присуство на метал. Идејата е крајниот резултат да не биде премногу нагласен и не треба да наликува на тетоважа, туку да изгледа многу природно и речиси незабележливо.
Станува збор за привремени пигменти кои по една година постепено почнуваат да избледуваат, а потполно избледуваат за 3 до 5 години.
Со полутрајната шминка се добива ефект на подмладување и правилен изглед на лицето.Со нагласување на контурите на очите, усните и веѓите добивате поизразен изглед и секогаш изгледате уредно и свежо. Ефектот се покрупни очи, повесел и поизразен поглед, а визуелно може да се подигне „паднатиот“ крај на окото.
Полутрајната шминка помага да се вратат или корегираат контурите на очите и устата до најдобрата верзија, а со неа се добива и идеален облик на веѓите, според обликот на лицето и очите.
Полутрајната шминка на усни е корисна за клиенти кои имаат бледи усни, оние кои имаат потреба за визуелно зголемување на усните и нивно контурирање, за прикривање на лузни или како замена за секојдневен makeup.
Веѓите се многу важен дел од изразот на лицето и тие мора да се правилни. Секоја неправилност дава погрешен израз на лицето. Со помош на полутрајната шминка тие можат да се задебелат, да се изедначат, или да се подигнат и тоа во сите природни бои, почнувајќи од најсветли до најтемни, во зависност од желбата на клиентот и природната боја на веѓите.
Најважно е кога ќе решите да направите ваква промена која ќе трае повеќе години, да внимавате каде и кому ќе го доверите Вашиот изглед, бидејќи може да добиете и спротивен ефект, кој треба да имате на ум дека ќе трае неколку години.
Само сертифицирано стручно лице би направило трајната шминка со совршен резултат од кој би биле задоволни.
Исклучитело важни се условите во кои се работи трајната шминка. Приборот кој се користи за еднократна употреба треба да биде стерилизиран и чист.
На секое повторно доаѓање, корекција или освежување, во професионални услови се користи нов прибор секогаш, без исклучок. На овој начин се избегнува пренесување на крвните болести и инфекџии.
Со полутрајната шминка го кратите времето за секојдневно шминкање, па сте средени во секое време и секогаш ќе изгледате совршено и помладо!
Центарот за убавина „Афродита С“ ги следи сите иновации во оваа област, а тимот кој е обучен за оваа услуга ги надградува своите перформанси секоја година со посета на мастер клас и редовна професионална обука. „Афродита С“ стана лидер во ова област со низа успешни трансформации на клиентите со помош на полутрајна шминка.
Годините искуство и одличните резултати, природно наметнаа идеја за отворање Академија за обука од која излегуваат нови професионалци во областа. Повелете во нашите салони и дознајте повеќе за оваа услуга.