ЖивотУбави совети

Полнети целер стапчиња – здраво и вкусно мезе!

Потребна ви е идеја за здраво и нискокалорично мезе која ќе го надополни вашето дружење? Стапчиња од целер полнети со козјо сирење е рецептот што го барате!

Потребни состојки:

• 6 стебленца целер
• 200 гр козјо сирење
• 20 гр свеж или сушен млад лук
• малку црвен пипер во прав

Подготовка:

Измијте ги и исушете ги стебленцата од целер, а потоа исечете ги на три дела. Измешајте го козјото сирење и потоа едноставно пополнете го секое стебленце со овој крем, а потоа посипете со ситно исечкан млад лук и малку црвен пипер во прав.

Лесна подготовка, има многу убав и софистициран вкус!

Поврзани статии

Back to top button