ЖивотУбави совети

Подгответе свежо бадемово млеко за 10 минути!

Млекото од костенливите овошја и семки во векови се употребувало во Европа, Азија и кај амеркинаските Индијанци, и се уште се употребува низ целиот свет како лесно сварлива замена за кравјото млеко. Млекото од бадеми е вкусно и е одличен извор на калциум што се апсорбира лесно.

Потребни состојки: 

1/4 шолја сурови бадеми

1 шолја ладна вода

2 лажички чист јаворов сируп

Подготовка: исчистете ги бадемите и ставете ги во тенџере, во кое се наоѓа еден прст зовриена вода, и нека се варат околу 30 секунди. Исцедете ги и отстранете ја лушпата. Ставете ги бланшираните бадеми во блендер со една шолја ладна вода. Блендирајте на најбрзо две до три минути додека не се создаде бело густо млеко. Ако имате намера да го пиете бадемовото млеко, исцедете го веднаш низ густо сито. Доколку содржи многу парчиња значи дека не е добро изблендирано. Ако имате намера да го употребувате млеко како миксирана напивка нема потреба да го прецедувате.

 

Поврзани статии

Back to top button