Подаруваме роман што изобилува со смеа и хумор, зачинет со неочекувани пресврти во животите на млади луѓе!
ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА“ (Душко Трифуновски) Софи нервозно го погледна часовникот за да види колку доцни на првиот работен ден во винаријата „Супвин“, но часовникот беше застанат. Погледна зад неа и виде дека пајак ѝ го крева автомобилот поради лошото паркирање.
Проклетство! Ништо во животот не ѝ оди како што треба.
И сè се случува во винаријата Супвин, во која лежи ненадејната среќа која допринесува да ѝ се тресат колениците на Софи секогаш кога го погледнува директорот. Не може здив да земе кога и тој го дише истиот воздух со неа.
Тешко ли е една страсна душа да се вљуби? Колку е потребно за љубов? Ден, два, година, 35 години? Вљубената душа чека 35 години за да ја најде втората половина од себе, а маките завршуваат за само два дена. Тоа е среќа. Софи навистина има среќа, но не знае како да ја побара.
Роман што изобилува со смеа и хумор, зачинет со неочекувани пресврти во животите на млади луѓе. Тој млад и оставен, а таа млада и никогаш вљубена!
Романтичната комедија ЗА ДВА ДЕНА РЕЧЕ „ДА“ е пуштена во продажба од Денот на вљубените во книжарницата Literatura.mk, но и во сите книжарници ширум Македонија.
Уживајте со добро кафе и убава книга,
од авторот. 😉