ЖивотУбави совети

Победете ја главоболката со помош на трик со пешкир!

Многу работи се предизвикувачи на главоболка. Понекогаш тоа е замор и несоница, поголема количина на алкохол, дехидрираност, премногу обврски, стрес или хормонална нерамнотежа. Земањето лекови против болки често не се препорачува, па затоа е најдобро да пробате природен начин за решавање на главоболка, како што е масажа.

Масажата со пешкир влијае на циркулацијата на крвта во пределот на главата и вратот, што во повеќето случаи помага да се отстранат напнатоста и болката. Освен тоа, масажата на главата е многу релаксирачка, па затоа е добар начин да ги свртите мислите од она што ве мачи. Масажа со пешкир може да биде решение за главоболка.

Можете сами да направите терапевтска масажа на главата со пешкир или да побарате некој да ви помогне.

За почеток, најдете крпа со средна големина и дебелина (најдобро е да користите пешкир за раце). Завртете го дијагонално, така што ќе добиете цврст валјак и ставете го на задниот дел од главата додека сте во седечка положба. Држете го затегнат зад главата, користејќи ги двете раце. Потоа движете го пешкирот од главата, преку вратот до рамената. Направете го тоа ритмички и интензивно, за да ја забрзате циркулацијата. Масирајте ја областа неколку минути, а стимулацијата ќе биде доволна за да ја ублажите главоболката. Ако болката не помине, направете пауза од 10 минути и повторете ја постапката.

 

Поврзани статии

Back to top button