ЖивотУбави совети

Пијте го овој напиток секое утро: Делува против замор и го забрзува слабеењето

Доколку имате проблеми со утринскиот замор, постои напиток кој ви го подигнува расположението и ви ја зголемува енергијата. Водата со лимон работи како магија, тврди нутриционистот Ајслин Кембриџ.

„Постои една работа што апсолутно секој треба да ја направи кога ќе се разбуди наутро, а тоа е да пие вода. Го хидрира вашето тело и го намалува крвниот притисок. Ако сакате да добиете енергија и да се чувствувате добро, пијте топла вода со половина исцеден лимон. Тоа е како магија“, објаснила таа.

Тaa исто така истакнува дека правилната нега пред спиење може да ви помогне да се чувствувате подобро наутро. Помеѓу последниот голем оброк и спиењето треба да поминат најмалку три часа за да може телото да ја свари храната пред да заспие.

„Ако јадете оброк и се обидете да спиете час или два подоцна, тоа ќе предизвика проблеми бидејќи вашето тело не може да ја свари храната на време или да се одмори и да се опорави. Тоа сериозно ќе влијае на вашето расположение“, советува тaa.

Нејзиниот најголем совет е да не консумирате вештачки засладувачи бидејќи тие можат да имаат полош ефект врз телото од природните шеќери.

„Некои луѓе мислат дека е подобро да посегнат по опциите без шеќер кога се обидуваат да се хранат здраво, но тоа е најлошиот избор. Диететските пијалоци ја содржат состојката аспартам, која негативно влијае на нашите црева и е далеку поштетна од шеќерот“, заклучи таа.

Поврзани статии

Back to top button