Пет брзи, нискокалорични и здрави идеи за појадок готов за неколку минути!
Се вели дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, а затоа треба да му се даде малку повеќе внимание.
Понекогаш ни се чини дека времето лета брзо и дека никогаш немаме доволно време. Бидејќи поголемиот дел од денот и неделата ние поминуваме на работа, ние сме со навистина малку слободно време за активности кои ни се од интерес и кои не релаксираат. Дефинитивно важно е да вклучиме рекреација и физичка активност во животот, како и планирање здрави оброци. Со оглед на малку слободното време кое го имаме често пати се одлучуваме да го прескокнеме појадокот. Сепак, појадокот е најважниот оброк во денот и нутриционистите ширум светот се согласуваат дека тој не може и не смее да се прескокне. Постојат различни видови на оброци, кои може да бидат подготвени во само неколку минути, па затоа може да се подготви здрав појадок без да се стане порано и без да се наруши рутината.
ЗДРАВ ТОСТ
Одберете интергален леб оти тој е добар извор на растителни влакна кои посебно се препорачува да се јадат во утринските часови. Со таков тост совршено ќе одговара путер од кикирики во комбинација со банани за да се обезбеди здрав и богат протеински појадок. Сепак, кикириките се голем алерген па доколку сакате да го зибегнете путерот од кикирики одлучете се за намаз од авокадо.
ЈАЈЦА
Без разлика дали сакате пржени или варени јајца, тие се одличен извор на протеини и витамини А и Д, кои се од суштинско значење за здравјето на организмот. Најздравата и со најмалку калории верзија е варено јајце во нкомбинација со свежа салата, но во пржените јајца може да додадете различни зеленчуци како домати, пиперки, тиквички или спанаќ лисја.
КАША ОД ОВЕС
Овесот е идеален појадок за подобро варење, бидејќи овесот е богат со влакна. Тој може да го комбинирате со различни состојки, како бадемово млеко, топла вода, јаболка и цимет, протеин во прав со вашиот омилен вкус, банана, сечкано на коцки темно чоколадо…
ПРОТЕИНСКИ ПАЛАЧИНКИ
Ако не знаете што да подготвите, палачинките без брашно а со овесни трици, банани и протеин во прав се совршен избор за промена на менито, чувство на ситост и здрав и хранлив оброк. Во продавниците со здрава храна може да се најдат различни верзии на здрави сирупи и додатоци за палачинки со намалена содржина на шеќер, како и готова мешавина за протеински палачинки.
СМУДИ
Исто така, една од идеите што има навистина бескрајни можности за играње со состојки во зависност од вашите желби. Значи вашиот пијалак може да биде со зелен лиснат зеленчук, цвекло, моркови и јаболка или со бобинки и други овошки кои ќе ви дадат енергија. Ова се само некои од идеите за создавање на брз, здрав пијалак. Вие исто така може да додадете малку протеини во прав по вкус, ако сакате, урда, јогурт, цимет, авокадо, лен, ѓумбир… Затоа, нека вашата имагинација расте и созрева 🙂