МодаУбави совети
Парче гардероба кое треба да го поседува секоја жена!
Модните комбинации се задоволство на секоја една жена. Есента е сезона кога може да се комбинираат повеќе парчиња гардероба. Температурата е променлива, па нешто без кое не се може за време на есенскиот и зимскиот период е сако во ултра впечатлива боја или кариран дезен. Оваа година сакоата се носат со фармерки, панталони, сукњи, фустани па дури и со тренерки. Набавете си неколку бои и секојдневно комбинирајте смело и бидете сигурни дека сте постигнале моден погодок.