ЖивотУбави совети
Откако ќе пробате компир со ајвар и презла, нема да престанете да го подготвувате
Заедно со супа и салатата е комплетен оброк. Денеска одвоивме рецепт за вкусни компири кои брзо се подготвуваат, а состојката која ќе му даде совршен вкус е ајварот.
Состојки:
3 поголеми компири
сол
2 лажици презла
мелен пипер
1 лажичка лук во прав
2 лажици ајвар
2 млади кромидчиња
малку мелен бибер
маслиново масло
Подготовка:
Компирот излупете го и исечете го на парчиња. Додадете го маслото, малку зачин бибер, лукот, презлата, ајварот, исечканиот млад кромид, мелените пиперки и се тоа измешајте го. Намачкајте поголема тава со масло и наредете ги компирите. Додадете 5 лажици вода и покријте со фолија. Печете на ниска температура 20 минути. Печете уште 10 минути без фолија.