Остров од бајка со блага клима и прекрасна природа!
Благодарение на благата клима овој осторов е полн со туристи во секое годишно време. Но, на лето доколку решите да го посетите овој рај ве советуваме пред време да се подготвите за големи гужви и редици чекајќи да испиете кафе или да добиете лежалка. Нуди раскошна медитеранска природа.
Располага со богат ноќен живот и превкусна традиционална храна. Ресторани и плажи кои одземаат здив. За Хвар се вели дека е еден од десетте најубави острови во светот. И доколку го посетите со сигурност ќе се уверите во тоа.
На туристите им е омилен западниот дел од островот каде се наоѓа градот Хвар, Стариот Град и Јелса. Јужниот брег на Хвар располага со длабоки сенки, додека северниот е отворен и ги привлекува авантуристите кои практикуваат спортови на вода.
На островот има уникатни и многу на број палати, вили и цркви помеѓу маслинови дрвја. Големиот број на лаванди, рузмарин и сенките од боровата шума го прават овој остров свеж со пријатен ветер и во најтоплите лета.
Мештаните нудат совршено сместување, гостопримливост и вовед во нивната традиција, и со тоа го прават овој прекрасен остров дополнително да биде рај на земјата. Омилена дестинација за друштва, парови и фамилии. За секого по нешто нуди и задоволува сечии желби.