Омилените летни дестинации на туристите
Летото ни е пред врата.
Секоја година, светски познатите магазини за патување прават листи на најпосакувани дестинации за патување во лето. Оваа година, на светските листи, предводат неколку дестинации кои доколку ги посетите ќе имате чувство како да сте во рајот…
Малдивите се тропски рај на Тихиот океан, а долго време беа една од најтајните дестинации на светот. Ќе ве освојат со тиркизната вода и долгите бели песочни плажа. Совршено место за волшебен летен одмор или за романтичен меден месец.
Рио де Жанеиро е синоним за сонце, море и самба се до раните утрински часови. Вистинска дестинација за оние кои за време на одморот сакаат добро да се забавуваат.
На листата на светски дестинации кои задолжително треба да се посетат во лето, го сместуваме и Дубаи: прекрасни плажи и одморалишта за сите оние кои сакаат луксузен летен одмор.
За Бахамите се вели дека се рајот на Земјата, а за да се уверите во нивната боженствена убавина, мора да ги посетите.
Викториините водопади кои се сместени во Јужна Африка за вистинска атракција за многу туристи кои веднаш се вљубуваат во спектакуларните глетки.
Доколку сакате вашиот летен одмор да биде на европско тло, вашиот избор нека биде Сардинија, италијанската убавица која ќе ве плени со бајковитите плажи.
Или пак, одберете ја Палма де Мајорка со плажи кои ќе ве остават без здив.
А, ако сакате да запознаете други култури, тогаш ја препорачуваме Куба, земја која брои 1500 поголеми и помали острови. Уживајте во приказните за Че Гевара и вкусот на оригиналното Мохито.