ЖивотУбави совети
Од три состојки подгответе ги највкусните фета соленки!
Рецептот за брзи, едноставни и лесни соленки со сусам кој го одвоивме денеска за вас е навистина убав и супер за кога немате време а сакате нешто вкусно да подготвите во кујната. Потребни ви се многу малку состојки, и кратко време за подготовка.
Потребни состојки:
2 јајца, 5 лажици брашно од овес или хељда, 150гр фета сирење и 1 лажица прашок за печиво. Сусам за декорација.
Подготовка: Сматете ги јајцата, додадете го сирењето и измешајте се заедно со брашното и печивото. Треба да добиете меко тесто, доколку смесата е течна додадете уште малку брашно. Формирајте стапчиња и истркалајте ги во сусам. На тава поставена со хартија за печење наредете ги и печете ги околу 20 минути на 200 степени. Додека не заруменат.