ЖивотУбави совети
Одличен пијалак за добар сон!
Без разлика дали имате проблем со несоница, лесен сон или се будите неколку пати во текот на ноќта и ви е тешко да презаспиете, ние имаме решение кое ќе ви помогне да спиете квалитетно и цврсто.
Главната состојка во овој рецепт е бананата која е богата со калиум и магнезиум кои ги опуштаат мускулите и предизвикуваат поспаност.
Најнапред, сипајте литар вода во голем сад и ставете да врие. Земете една банана, добро измијте ја, пресечете ги врвовите и заедно со кората ставете ја во тенџерето со вода и оставете ја да врие десетина минути. Потоа, исцедете ја водата во шолја за чај и додадете половина лажичка цимет. Овој пијалак се пие додека е топол, половина час до час време пред да си легнете.