ЖивотУбави совети

Одвојте време за насмевки!

Во дворот на една селска куќа седат петелот, мачорот и кучето. Петелот вели:
– Доста ми е од се`. Утре ве будам за последен пат и си го фаќам патот. Кокошки повеќе нема, храна нема… нема зошто да седам повеќе јас овде.
Мачорот:
– И мене ми е доста од се. Газдите ја продадоа кравата, ни млеко има ни сирење. Ни за мене нема живот повеќе овде. И јас утре си го фаќам патот.
Кучето ги гледа и срамежливо вели:
– Јас ќе останам уште една недела…
– Зошто? – прашуваат мачорот и петелот.
– Па вчера ја слушнав газдарицата како му вели на газдата: „Ако и следнава недела не донесеш плата, ќе му го лапаме на Шарко“. Е па јас си велам да почекам.

Докторот му вика на Цветко:
– Ви го извадив забот што ве болеше. Не треба да јадете во наредните два часа.
– Докторе, со овие твои цени, нема да јадам наредните два месеци.

Прашуваат плавуша:
– Кој е поважен за вас, мажот или љубовникот?
– Мажот! Без него не можам да си го замислам животот со љубовникот.

Се јавуваш на другар:
– Ај на кафе!
– Ај за 15 минути.
Се јавуваш на девојка:
– Ај на кафе!
– Ај само да се спремам, во Среда во 8 таму.

Иде плавуша на доктор и го прашува:
– Докторе,многу сериозно ги сфакам Твитер и Фејсбук, што да направам?
– Инстаграм.

Поврзани статии

Back to top button