ЖивотУбави совети

Овие три растенија го чистат воздухот во домот – ги препорачуваат и научниците на НАСА

Домашните растенија се незаменливи за функционалниот декор на домот. Малку добро уредено зеленило не само што ќе го оживее просторот туку и ќе го прочисти воздухот, а исто така ќе помогне да се создаде порелаксиран и попријатен амбиент во секоја соба од домот.

Ви носиме листа на домашни растенија кои не се тешки за одржување, а го зголемуваат и нивото на кислород и ги чистат токсините од воздухот во домот. Загадувачи кои можат да се најдат во затворени простории и влијаат на здравјето се формалдехид, бензен и трихлоретилен, јаглерод моноксид и азотни оксиди, пестициди и средства за дезинфекција.

Алое

Гелот од алое вера има многу лековити својства, од ублажување на болки во изгорената кожа, преку заздравување на раните до детоксикација на телото и подобрување на имунитетот, а свежото алое помага и за подобрување на квалитетот на воздухот во вашиот дом. Ова растение може да помогне во чистењето на воздухот од загадувачи кои се наоѓаат во хемиските средства за чистење. Кога количината на хемикалии во воздухот станува прекумерна, листовите на растението се сушат со кафени дамки. Патем, алоето сака многу сончева светлина, внимавајте во кој дел од домот ќе го поставите.

Фикус

Сите видови фикуси се добри за прочистување на воздухот во домот, а тие се едни од најлесните растенија за одржување и одгледување, а напредуваат дури и во домови каде што нема многу светлина и во постудени температури. Овие растенија се моќни елиминирачи на токсини и прочистувачи на воздухот.

Англиски бршлен

Научниците на НАСА го наведуваат англискиот бршлен како едно од најдобрите растенија за филтрација на воздухот, а ова е најефикасното растение кога станува збор за апсорпција на формалдехид. Покрај тоа, многу лесно се одгледува и добро се прилагодува на секоја средина. Чувајте го на умерена температура и светлина.

Поврзани статии

Back to top button