Ова е рокот на траење на меленото месо во замрзнувач, слободно фрлете го доколку е оставено подолго
Меленото месо може да стои во фрижидер еден ден, најмногу два, па доколку не планирате да го користите во тој период, чувајте го во замрзнувач. Но и таму не може да остане бесконечно.
Губењето на влагата е една од главните причини зошто меленото месо го губи вкусот по долго стоење, според „U.S. Одделот за земјоделство“ (USDA), дури и ако е во замрзнувач.
Доколку е термички обработено може да остане замрзнат 2 до 3 месеци и вкусот нема многу да се промени бидејќи дел од влагата веќе е изгубена при готвењето.
Суровото мелено месо може да се чува во замрзнувач 3 до 4 месеци. Важно е и како е спакувано. Може да остане во оригиналното пакување до 2 недели, а доколку планирате да го чувате подолго од тоа, би било добро пакувањето да го завиткате во фолија.