ЖивотУбави совети
Нутриционистички факти за медот!
Медот се состои главно од шеќери и тоа гликоза (30%) и фруктоза (38%). Третата најприсутна состојка е водата. Во помали количества содржи и други шеќери и киселини, протеини и минерали. Шеќерите се организирани како моносахариди, дисахариди и олигосахариди. Сите тие шеќери понекогаш се нарекуваат и слатки јаглехидрати.
Соодносот помеѓу фруктозата и гликозата, и помеѓу гликозата и водата е факторот од кој зависи клистализирањето на медот. Медот со ниско низок сооднос на гликоза и вода не кристализира лесно.
Во 21гр мед (1 лажичка) има 17гр јаглехидрати и 64 калории.
Од шеќерите фруктозата е малку послатка од сахарозата, па според тоа медот во кој фруктозата преовладува е посладок од обичниот шеќер.