ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {29.05 – 04.06}

Што предвидува хороскопот за неделата што ни доаѓа?

ОВЕН

Овните оваа недела ќе се чувствуваат без енергија и волја. Потрудете се да го промените тоа чувство со тоа што ќе поминувате повеќе време надвор, ќе се храните со овошје и зеленчук и ќе бидете физички активни. На љубовен план, бидете подготвени за компромиси, бидејќи без нив една врска не може да опстои.

БИК

Оваа недела ќе размислувате премногу за иднината и ќе бидете по малку психички уморни. Верувајте дека се ќе биде во најдобар ред, само треба да му дадете малку време на времето. Можни се мали финансиски проблеми, па затоа внимавајте колку трошите. На љубовен план, ве чека некое изненадување.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците оваа недела ќе имаат сила и енергија за да поместат планини. Многу од нивните проблеми ќе добијат разрешница. Конечно успевате да заборавите една личност од минатото, а наскоро ве очекуваат многу интересени средби со личности од спротивниот пол, па нема да биде чудно доколку влетате во нова врска.

РАК

Оваа недела, ќе бидете во постојано трчање и борба со времето бидејќи сте запоставиле некои од обврските. Потрудете се подобро да си го организирате времето. Можете многу нешта, само треба да сакате. Многу од Раковите оваа недела ќе размислуваат за прекин на врската, но, за среќа брзо ќе сфатат дека тоа би било погрешна одлука.

ЛАВ

За многу од Лавовите, оваа недела ќе биде период кога ќе го кажат судбоносното „да“ или ќе се израдуваат на вести за бременост. Едноставно, ќе бидат едни од најсреќните. Ќе ги запостават работните обврски поради многу причини за славење. Здравјето ви е одлично, а енергијата на највисоко ниво.

ДЕВИЦА

Девиците ги очекува интересен период исполнет со многу дружење и запознавање на нови луѓе. Некои од тие луѓе ќе бидат клучни за понатамошниот развој на вашата кариера, па затоа бидете внимателни каков прв впечаток ќе оставите. Можни се тегоби со желудникот, внимавајте каква храна внесувате.

ВАГА

Оваа недела обидете се да си ги средите мислите и домот. За да бидете смирени и добро расположени, потребно е да имате хармонија во домот. Подобрете ги односите со членовите на семејството и донирајте ја облеката која веќе на ја носите. На љубовен план, можна е појава на обострана љубомора поради колеги.

СКОРПИЈА

Пред вас е недела во која ќе барате решение на сите деловни проблеми и ќе успеете во тоа. Што се однесува до љубовта, бидете пребирливи, бидејќи го заслужувате најдоброто. Оние кои се во врска, ќе уживаат во истата и ќе имаат чувство како да се на почеток на врската со еден куп пеперутки во стомак. Потрудете се да бидете физички поактивни.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ќе бидат збунети и поставени пред многу предизвици: промена на работно место, промена на живеалиште, а на повидок е и тајна романса за женските претставнички на овој знак. Што и да правите, бидете внимателни, бидејќи лагата секогаш излегува на виделина, а како што рекле старите, брзата кучка слепи кучиња раѓа.

ЈАРЕЦ

Јарците ќе се соочат со проблеми на работното место кои за многумина од нив ќе бидат ненадминливи, па решението ќе го бараат во отказот. Потрудете се да не го носите дома стресот од на работа бидејќи може да создадете дополнителни проблеми кои не ви се потребни. Проблемот со несоницата решете го со природни лекови и чаеви.

ВОДОЛИЈА

Оваа недела ќе ги преиспитувате одлуките кои што сте ги донеле изминатиов период и ќе размислувате за секоја одлука што ќе треба да ја донесете. Потрудете се да гледате порозово на нештата и немојте да бидете песимисти. Имајте верба дека коцките ќе се наместат. Внимавајте со пороците.

РИБИ

Рибите оваа недела ќе влезат во нова врска. Некои за тоа ќе ја ризикуваат и постоечката. Но, за многу од Рибите, ова ќе биде само кратка авантура. На деловен план, ситуацијата е стабилна. Можен е неочекуван прилив на финансии кој веќе сте го подзаборавиле. Бидете сигурни во себе дека ги правите вистинските нешта.

Поврзани статии

Back to top button