ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {24.07-30.07}

Што вели хороскопот за неделата што следи?

ОВЕН

Ќе бидете многу горди со успесите кои ќе го постигнете на деловен, но и на љубовен план. Потрудете се постојано да целите високо, за да бидете задоволни од самите себе. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Подобро организирајте го слободното време.

БИК

Биковите ќе бидат во потрага по нов љубовен партнер, а ќе го пронајдат меѓу колегите. Пред да влетате во нова врска, размислете дали сте на чисто со старата љубов и колку е добра одлуката да се меша љубовниот и деловниот живот. Можни се проблеми со вратот и ’рбетот.

БЛИЗНАЦИ

Не би било лошо доколку оваа недела се посветите малку повеќе на проблемите кои ги имате и обидете се да најдете решение. Запомнете, проблемите кои ги игнорирате, без разлика дали се дома или на работа, стануваат уште поголеми. Внимавајте на исхраната и намалете ги цигарите и кафињата.

РАК

Оваа недела ќе ја поминете дружејќи се со доста луѓе и ќе ширите познаства. Тоа ќе биде одлично освежување за вас, а од некои нови пријателства може да испаднат и добри деловни соработки. Сепак, внимавајте на кому и што се доверувате.

ЛАВ

Ништо не доаѓа преку ноќ. Доколку сакате да ја средите катастрофалната финансиска ситуација, започнете напорно да работите. Потрудете се да не влегувате во нови долгови. Внимателно, финансиските проблеми може да се рефлектираат и на вашите семејни односи. Најдете начин како да воспостваите баланс.

ДЕВИЦА

Девиците ќе се обидуваат да добијат некоја важна информација која во иднина ќе им биде од корист, но тешко ќе стигнат до неа. Немојте да го запоставувате партнерот поради деловни обврски и лоша организираност на времето. Најдете начин за заедничка релаксација или хоби. Одете на пливање или масажа заедно и обновете ја страста.

ВАГА

Оваа недела ќе сакате да им помогнете на другите, но некои тоа може да го злоупотребат, па затоа бидете внимателни на кого му помагате. Во текот на следните седум дена ве очекуваат многу романтични моменти со партнерот, уживајте максимално во нив. Најдете време за добар филм и опуштете се.

СКОРПИЈА

Скорпиите оваа недела ќе се чувствуваат без енергија и волја. Потрудете се да го промените тоа чувство со тоа што ќе поминувате повеќе време надвор, ќе се храните со овошје и зеленчук и ќе бидете физички активни. На љубовен план, бидете подготвени за компромиси, бидејќи без нив една врска не може да опстои.

СТРЕЛЕЦ

Ова ќе биде недела во која ќе блескате! Покажете му на светот што се знаете и умеете и изборете се за покачуввање на плата или ново работно место. Доколку сте сингл, нема да има промени во статусот, а оние во врска може да наидат на мали недоразбирања со партнерот.

ЈАРЕЦ

Јарците оваа недела ќе влезат во нова врска. Некои за тоа ќе ја ризикуваат и постоечката. Но, за многу од нив, ова ќе биде само кратка авантура. На деловен план, ситуацијата е стабилна. Можен е неочекуван прилив на финансии кој веќе сте го подзаборавиле. Бидете сигурни во себе дека ги правите вистинските нешта.

ВОДОЛИЈА

Посветете што повеќе време и внимание на луѓето кои ви се важни. Слободно запоставете ги малку работните обврски бидејќи на вашите деца им требате! Потрудете се да бидете нежни и грижливи, партнерот тоа дупло ќе ви го возврати. Кон крајот на неделата можен е неочекуван финансиски прилив.

РИБИ

Рибите оваа недела ќе бидат рамнодушни. Запомнете, стресот си го зема данокот. Потрудете се да го елиминирате со физичка активност и балансирана исхрана. Одбирајте ги зборовите за да не направите поголеми проблеми. Можни се главоболки.

Поврзани статии

Back to top button