ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {10.07-16.07}

Еве што вели хороскопот за неделата што доаѓа.

ОВЕН

Депресивниот период е зад вас. Уживајте во убавото време и дружете се со што повеќе луѓе. Ќе добиете шанса за ново работно место, но, внимавајте што прифаќате и какви договори потпишувате. Вашата врска можно е да помине низ мала криза. Обрнете внимание!

БИК

Биковите оваа недела ќе бидат фокусирани на семејството и децата. Ќе ве загрижуваат бројки и деловни проблеми, но, не треба да се грижите бидејќи ве очекува прилив на пари на кои сте заборавиле. Ситните проблеми на работното место оваа недела ќе добијат разрешница. Обрнете внимание на исхраната.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете љубоморни на сите личности кои се дружат со вашиот партнер. Потрудете се да го контролирате тоа чувство како би избегнале проблеми во врската. Простор за паника нема, бидејќи оваа недела ѕвездите се на ваша страна и ве очекуваат убави моменти, само треба да ги препознаете.

РАК

Неделава ќе бидете преполни со енергија и конечно ќе ги завршите сите обврски кои последниов период ви се натрупаа. Потрудете се да ја заборавите старата љубов со помош на нова. Ќе ја пронајдете меѓу пријателите на вашите колеги. Внимателно со исхраната, можни се желудочни киселини.

ЛАВ

Престанете да се измачувате за своите постапки од минатото. Тие биле и поминале. Наместо тоа, гледајте напред кон иднината и работете на тоа да создадете подобра верзија од себеси. На деловен план, оваа недела не ве очекуваат некои големи промени. Ќе имате прилика да запознаете личност од странство со која можна е кратка љубовна авантура.

ДЕВИЦА

Немојте да бидете нереални и да поставувате цели кои периодов не можете да ги достигнете. Исто така, оваа недела не давајте ветувања за кои не сте сигурни дека би можеле да ги исполнете. Потрудете се да го намалите стресот со физичка активност, правилна исхрана и разговори со пријателите.

ВАГА

Ова е вашиот период од годината! Ќе блескате како никогаш досега. Сингл Вагите ќе најдат добра прилика за врска, а оние коишто се во врска ќе уживаат во долги и романтични вечери со партнерот. Ќе ставите потпис на важни договори кои ќе ја подобрат вашата финансиска ситуација.

СКОРПИЈА

Не мора да чекате прилика, создадете ја. Скорпиите оваа недела ќе бидат во потрага на нова работа, подобро платена и посигурна. Многумина ќе успеат во тоа. На љубовен план, нема да има некои поголеми промени. Можни се вртоглавици, потрудете се да спиете што повеќе и да го одморите умот и телото.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела, љубовта ќе биде ваша движечка сила. Целото внимание ќе го насочите кон партнерот, а оние кои се слободни ќе бидат во интензивна потрага на сродна душа. Немојте да ги запоставите работните обврски и потрудете се да бидете максимално сконцентрирани. Практикувајте спортови на вода, добри се за линијата, кондицијата и енергијата.

ЈАРЕЦ

Прекинете да се жалите за проблемите кои ги имате. Наместо тоа, потрудете се да најдете решение за нив. Во моментов, конците се во вашите раце. Бидете искрени со луѓето кои ви значат, бидејќи довербата тешко се добива, а лесно се губи. Посветете се повеќе на вашите врски, без разлика дали се семејни, пријателски или колегијални.

ВОДОЛИЈА

Водолиите оваа недела ќе бидат збунети од однесувањето на партнерот. Запрашајте се дали тоа е врската која ја посакувате. Многу Водолии ќе ги прекинат љубоовните врски во овој период и ќе се трудат љубовните болки и проблеми да ги подзаборават со многу работа. Бидете сигурни во секој збор или одлука која ќе биде кажана или направена во овој период.

РИБИ

Рибите ги очекува мирна недела, без некои големи промени. Многу Риби ќе уживаат во рутината на која навикнале и ќе сакаат што повеќе време да се дома, со саканите без притоа да прават нешто посебно. Потрудете се сепак, малку да воведете промени. Викенд надвор од градот е одличен начин за обновување на страста во вашата врска. Можни се настинки.

Поврзани статии

Back to top button